Ruslan Rehimov
14 Септември 2022•Ажурирај: 15 Септември 2022
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Ерменската армија продолжува со артилерија да ги гаѓа позициите на Азербејџанската армија во Келбаџар, Лачин и Дашкесен, пренесува Агенција Анадолија (АА),
„Единиците на Ерменските вооружени сили продолжуваат да ги гаѓаат позициите на Азербејџанската армија во регионите Келбаџар, Лачин и Дашкесен од топови Д-30, Д-20 и минофрлачи од 82 мм. Нашите единици преземаат одмазднички мерки и ги уништуваат непријателските позиции. Условите на операцијата се под контрола на нашата армија“, се вели во соопштението на Министерството.
На границата на Азербејџан и Ерменија, завчера вечер избувнаа интензивни судири меѓу воените единици на двете земји.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската војска ноќта на 12 септември и вчераутро извршила провокации во правец на границата со Азербејџан во Дашкесен, Келбаџар, Лачин и Зангилан.
Некои позиции и засолништа на Азербејџанската армија на границата беа под постојан оган од оружје од различен калибар, вклучително и минофрлачки гранати, а најмалку 50 припадници на Азербејџанската армија ги загубија животите како маченици.
Азербејџанската армија возврати за да ги замолчи позициите на Ерменските вооружени сили и да спречи ширење на конфликтот, а на ерменските војници им беа нанесени големи загуби.