İdiris Okuduci
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
ГАНЏА
Абас Семедов, чија куќа во азербејџанскиот град Ганџа беше уништена во нападот со балистички ракети организиран од страна на Ерменија, свирејќи на неговото пијано, кое останало здраво, на новинарот на АА му се обрати со зборовите „Свирејќи на пијаното верувам дека нашата иднина ќе биде убава“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за Агенција Анадолија (AA), Семедов истакна дека неговата куќа е уништена во нападот, а тој и неговиот син се со полесни повреди.
„Нашата состојба е добра, фала му на Бога“, истакна Семедов.
Свирејќи на неговото пијано во аголот од неговата уништена куќа, Семедов рече: „Јас многу години свирам на пијано. Свирејќи на пијаното верувам дека нашата иднина ќе биде убава.“
Обидувајќи се да го надмине шокот од нападот, Семедов рече дека свири на пијаното за да го одржи својот морал на високо ниво.
Ерменија повторно ја нападна Ганџа со балистичка ракета од среден дострел на 17 октомври. Во нападот 13 цивили го загубија животот, а повеќе од 50 цивили беа ранети.