Ruslan Rehimov
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџанската Армија им нанесе загуби на ерменските сили, кои во текот на ноќта стрелале врз азербејџанските војници и населбите во различни области на фронтот, и покрај примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека судирите продолжиле главно во линијата на фронтот во Хоџавенд, Фузули и Губадли.
Во различни делови на линијата на фронтот уништени се 2 тенка „Т-72“, 2 ракетни системи „Град“, 14 различни типови топови, неколку воени станици и 6 автомобили кои ѝ припаѓаа на ерменската Армија, а голем број војници се неутрализирани.
Исто така, според соопштението, линијата на фронтот е под контрола на азербејџанската Армија.