Ruslan Rehimov
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска во текот на ноќта продолжи со контранападите кои ги започна против војската на Ерменија со цел да ги ослободи окупираните територии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека трупите во текот на ноќта извршиле артилериски напади врз позициите на ерменските сили на окупираните територии.
Министерството ги сподели и снимките од артилериските напади врз ерменските позиции.