Ruslan Rehimov
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска продолжува со операциите што ги започна со цел ослободување на окупираната територија од ерменските сили, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека во текот на целата ноќ продолжиле операциите во правец на Агдере, Агдам, Фузули, Џебраил, Зангилан и Губадли.
Ерменските сили со артилерија и минофрлачи отворија оган кон одбранбената линија на азербејџанската војска во правец на Губадли, но потоа се повлекоа од неколку ридови и позиции, претрпувајќи значителни загуби.
Во соопштението се наведува дека 155. Артилериски полк на ерменската војска во правец на Хоџавенд има голем број ранети, но дека не може да ги транспортира поради недостиг на возила и затворените патишта.
Се наведува дека ерменските доброволци, кои се приклучија на артилериската единица на северот на Хадрут, ги напуштиле своите позиции и побегнале, а 5. Разурнувачки полк на ерменските сили во правец на Агдере е неутрализиран со гранати на азербејџанската војска.
Министерството за одбрана на Азербејџан наведе дека командантот на Третиот баталјон на ерменскиот полк исчезнал, началникот на штабот загинал, а дека меѓу ерменските сили има голем број загинати по уништувањето на подземно засолниште, додека припадниците на Првиот баталјон на ерменските сили одбиле да се борат.
Од Министерството додадоа дека судирите продолжуваат на целиот фронт и дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската војска.