Serdar Bıtmez,Hamdi Yıldız
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ДОХА
Владата на Катар соопшти дека одлуката на Израел за формирање илјадници нови илегални станбени единици во окупираниот Западен Брег е една од најголемите пречки пред мирот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Катарската новинска агенција (QNA), Советот на министри вчера во Доха одржа состанок, на кој беше упатен апел за итна и решителна меѓународна акција со цел запирање на израелските населувања во окупираните палестински територии.
На состанокот е нагласено дека илегалното населување е најголемата пречка пред мирот: „Населувањата во Западниот Брег се закана за дводржавното решение и претставуваат пречка пред повторното започнување на мировните работи врз основа на меѓународните резолуции и пред арапската мировна иницијатива.“
Медиумите на земјите од Заливот во последните денови објавија вести дека исто и Катар е во процес на нормализирање на односите со Израел. Ова соопштение на Катар го откри ставот на оваа земја во врска со нормализацијата со Израел и во врска со Палестина.