Ruslan Rehimov
01 Септември 2023•Ажурирај: 03 Септември 2023
БАКУ (АА) - Азербејџански војник е ранет од оган отворен од ерменската војска, соопшти денес Министерството за одбрана на Азербејџан, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се наведува дека припадникот на азербејџанската војска, Мухамед Тагиев, е ранет во огнот отворен од позициите на ерменската војска во правец на населбата Зод, во покраината Басаргечер.
Повредениот војник по првата лекарска интервенција е префрлен во воена здравствена установа, а азербејџанските позиции на истото подрачје се и понатаму под оган, и имаат преземено соодветни контрамерки.
Во соопштението се нагласува дека целата одговорност за резултатите од провокациите ја носи воената и политичката администрација на Ерменија.