Şenhan Bolelli
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Во акција на италијанските безбедносни сили во Палермо уапсени се 46 водачи на сицилијанската мафијашка организација Коза Ностра (Cosa Nostra), пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека меѓу уапсените се наоѓа и новиот шеф на мафијата, 80-годишниот Сетимино Минео.
Минео минатата година е пуштен на слобода, откако одлежа 11 години во затвор. Во акцијата се уапсени и Грегорио ди Џовани, во минатото познат како мафијашки „кум“, како и Филипо Салваторе Бисконти и Франческо Колети.
Италијанските медиуми наведуваат дека водичите на Коза Ностра, по последниот состанок одржан во 1993 година, првпат се состанале во мај оваа година.
За време на истрагата истражните тимови утврдија дека водачите ги доведуваат во врска со фиктивен извоз, вооружени напади и тешки изнуди.