Afra Aksoy
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, изјави во Рамала дека многу земји ја имаат признаено Палестина како држава, истакнувајќи дека никој нема да биде во можност да ја игнорира палестинската држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на церемонијата за одбележување на годишнината од прогласувањето на независноста на Палестина, Абас изјави дека меѓународната заедница сега многу подобро ги разбира правата и барањата на палестинскиот народ.
„Независна и слободна палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град Источен Ерусалим, е неизбежна“, рече Абас.
Нагласи дека до сега 138 земји ја признале Палестина, а Палести стана членка на бројни меѓународни организации.
Тој го повика Израел да ја признае државата Палестина во рамките на дводржавното решение за кое се залага и меѓународната заедница.
Потсетуваме, Декларацијата за независност на Палестина на 15 ноември 1988 година во егзил во Алжир ја донесе Палестинската ослободителна организација и Националниот совет на Палестина.