Mustafa Deveci
23 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
АНКАРА (АА) - Амбасадата на САД во Киев издаде писмено соопштение во кое се вели: „Стејт департментот на САД поседува информации дека Русија ги забрзала напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови“, известува Агенција Анадолија (АА).
Истакнувајќи дека руските напади во Украина претставуваат постојана закана за цивилите и цивилната инфраструктура, во соопштението се вели: „Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да ја напуштат Украина користејќи ги опциите за приватен копнен транспорт, доколку сметаат дека се безбедни“.
Администрацијата на Киев објави дека по повод 24 август - Ден на независноста на Украина, можно е Русија да таргетира некои градови, вклучително и главниот град.
Военото раководство на Киев ги забрани јавните состаноци во Киев од 22 до 25 август, со образложение дека е можно да има руски напади.
Во украинскиот град Харков, кој се наоѓа во близина на руската граница, денес е воведен 36-часовен полициски час, кој стапува на сила во 19 часот по локално време.