Faruk Zorlu
05 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, телефонски разговараа за руско-украинската криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, по повод разговорот изјави: „Дискутираа за военото концентрирање на Русија по должината на границите на Украина и за чекорите што ги преземаат Украина и Соединетите Американски Држави за да ја поттикнат Русија да надвладее дипломатијата над војната и да се обезбеди безбедност и стабилност.“
Говорејќи со Кулеба за резултатите од неговата неодамнешна средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Блинкен, исто така, ја повтори „подготвеноста да се одговори на загриженоста во однос на безбедноста, непоколебливата поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
„Блинкен, исто така, 'ја стави јасно до знаење подготвеноста на САД, заедно со нашите сојузници и партнери, за наметнување брзи и тешки последици врз Русија доколку одлучи да ја ескалира [ситуацијата]'“, рече Прајс.
Украина и Русија се во конфликт од избувнувањето на непријателствата во регионот Донбас во 2014 година, откако Русија илегално го анектираше Кримскиот Полуостров.
Русија неодамна распореди десетици илјади војници во близина на границите на Украина, предизвикувајќи стравувања дека Кремљ планира нова воена офанзива против поранешната советска република.
Москва негира дека се подготвува за инвазија и вели дека нејзините војници се таму за вежби.