Hakan Çopur
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Вечерва, мојот и тестот на првата дама беа позитивни на Ковид-19. Веднаш ќе започнеме со карантинот и со процесот на лекување. Ова ќе го пребродиме заедно“, наведе Трамп во соопштението на социјалните мрежи.
Трамп претходно истакна дека со сопругата Меланија ќе бидат во изолација бидејќи на коронавирусот е позитивна неговата советничка Хоуп Хикс.
Хикс беше со Трамп и делегацијата за време на неодамнешните патувања во рамките на предизборната кампања.