Mohamad Misto,Adham Kako
04 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - Американските сили, кои се присутни во областите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, повторно ги натераа руските војници да се вратат назад, кои од 18 јануари досега сакаа да стигнат до нафтеното поле во провинцијата Хасека, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борбата меѓу САД и Русија за присуство на нафтените полиња во Сирија продолжува.
Според информациите на АА добиени од сигурни извори на терен, американските војници ги пресретнаа руските војници кои сакаа да пристигнат на нафтеното поле Румејлан на североистокот на провинцијата Хасека.
Три руски воени возила кои пристигнаа од областа Амуда која се наоѓа на западниот дел на Камишли, во областа Мабеде североисточно од Хасека беа пресретнати од страна на американската војска и беа приморани да се вратат назад пред да стигнат во областа Румејлан.
Американските војници од 18 до 25 јануари, во Хасека четирипати ги пресретнаа руските војници кои сакаа да стигнат до нафтеното поле во Румејлан.
Според ова, од 18 јануари американската армија по петти пат ги пресретна руските војници кои сакаа да одат на нафтеното поле во провинцијата Хасека.
Терористите на ЈПГ/ПКК исто така на 15 јануари во областа Камишли ги запреа руските војници кои дојдоа да се населат во близина на нафтеното поле Румејлан, каде што се наоѓа и американската база.
- САД присуствуваа на нафтените полиња
Со почетокот на операцијата „Извор на мирот“, САД, кои ги испразнија своите бази во регионот на операцијата, се населија околу нафтените полиња.
Американските сили моментално се присутни во вкупно 11 бази и воени пунктови во окупираните области од страна на ЈПГ/ПКК во провинциите Хасека, Рака и Деир ез Зор, во Сирија.
Американските војници постојано испраќаат засилувања во воените бази и пунктови лоцирани во нафтените полиња окупирани од терористите на ЈПГ/ПКК.
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тие ги обезбедуваа нафтените полиња на истокот на земјата и дека некои американски војници ќе останат таму.