Övünç Kutlu,Mustafa Keleş
27 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
ТИХУАНА (АА) - Двојниот пограничен ѕид, оградите и металните и бетонски бариери во близина на аеродромот во Тихуана, Мексико, гледано од мексиканската страна на границата, веќе подолго време претставуваат препрека за илегални премини на територијата на САД во делот од границата од околу илјада километри, јавува Anadolu Agency (AA).
САД и нивниот јужен сосед Мексико делат граница долга околу три илјади километри, а на дел од неа, во должина од 1.100 километри се протега фрагментиран ѕид, ограда и жица, а фоторепортерот на АА пренесува фотографии од него.
Вредноста на оваа „мексиканско-американска бариера“ се проценува на 2,4 милијарди долари, а американската Управа за контрола на границите ја надгледува со помош на сензори и камери. Бариерата започнува во сојузната американска држава Калифорнија, а се простира кон државите Ново Мексико, Аризона и Тексас, како и кон истокот.
Американскиот претседател Доналд Трамп го направи првиот чекор кон спроведувањето на проектот за изградба на ѕид на границата со Мекско, што беше едно од најзначајните ветувања за време на изборната кампања.
Трамп има намера да подигне ѕид во делот надвор од мексиканско-американската бариера, кој е долг околу 1.900 километри, поточно на 1.600 километри.
Новиот американски претседател има за цел со ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико да го спречи криумчарењето на луѓе и трговијата со дрога, и претходно изјави дека САД ја враќа контролата над своите граници.
Трамп за време на кампањата изјави дека мигрантите кои нелегално доаѓаат од Мексико им штетат на САД и дека криумчарите, дилерите и другите криминалци поради недоволната контрола на границите преминуваат во САД. Тој за време на изборната кампања вети дека ќе подигне ѕид со цел да го спречи тоа.