Aliia Raimbekova
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АСТАНА (АА) - Шестиот круг од мировните преговори за Сирија, во главниот град на Казахстан, Астана, ќе се одржи на 14. и 15. септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на Казахстан наведоа дека ќе се зборува за активностите на безбедносните сили во подрачјата што се прогласени за неконфликтни зони, но и за продолжување на активностите во врска со формирањето контролни сили во Идлиб.
На почетокот од јули, во казахстанскиот град Астана беше завршена петтата рунда од мировните преговори за Сирија, во чии рамки делегациите на Турција, Русија и Иран договорија да се формира заедничка работка група што ќе биде задолжена за продолжување на изработката на планот за воспоставување таканаречени неконфликтни зони во Сирија.
Со посредство на Турција и Русија, на 30 декември минатата година беше постигнат договор за прекин на судирите во Сирија, а во јануари започнаа преговорите во Астана, кои имаат за цел да се креира механизам за спроведување на примирјето. Турција е гарант на почитување на примирјето од страна на сириската опозиција, а Русија и Иран како сојузници на сирискиот режим се гаранти за почитување на договорот од таа страна.
Длабоката политичка и безбедносна криза во Сирија ескалираше во граѓанска војска на почетокот од 2011 година, кога приврзаниците на режимот на Асад со сила се обидоа да ги задушат продемокатските масовни протести во таа земја.