Recep Şakar
20 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Во напад на ајкула во австралиската покраина Квинсленд тешко е повредено едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјална претставничка на Амбулантниот сервис во Квинсленд (QAS), Минди Томас, соопшти дека ајкула тешко повредила девојче кое е згрижено во болницата со повреди во пределот на ногата.
Истакнувајќи дека девојчето со амбулантен хеликоптер е донесено во болницата „Макај“, Томас изјави дека нејзиниот живот и понатаму е загрозен.
На истата плажа и вчера во нападот на ајкула е повреден 46-годишниот Џастин Барвик.