Mazin Majeed Asaad Baqal
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
БАГДАД (AA) - Во главниот град на Ирак, Багдад, и во уште некои градови на југот на земјата повторно е блокиран пристапот до интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Ирак во понеделник повторно е овозможен пристапот до интернет кој беше запрен од 2 октомври, при антивладините протести во престолнината Багдад и во уште некои градови на југот на земјата.
Сепак, откако денес во поголемиот дел на земјата престанаа антивладините протести, повторно е блокиран пристапот до интернет. Според локалните извори, без интернетска врска се останатите многубројни градови, освен Регионалната курдска управа на северот на Ирак.
Владата по антивладините протести, кои почнаа на први октомври, оневозможи пристап до интернетот во Багдад и во уште некои градови на југот на Ирак.
Министерството за внатрешни работи на Ирак во понеделникот соопшти дека во антивладини протести во Ирак од 1 октомври загинаа најмалку 110 лица, а повеќе од 6.100 се повредени.
Владата во недела започна преговори со демонстрантите кои бараат оставка од премиерот Адел Абдул-Мехди, подобрување на животниот стандард и запирање на корупцијата во Ирак.
Во последните години во Ирак расте незадоволството поради се поголема невработеност и корупцијата. Многумина во земјата имаат ограничен пристап до основните услуги и потреби како што се електричната енергија и чиста вода.