Merve Berker
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
АНКАРА (АА) - Азербејџан денес повика на меѓународен притисок врз Ерменија за да се објасни судбината на илјадници нејзини граѓани кои исчезнаа за време на Првата војна во Нагорно-Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес е Меѓународен ден на исчезнатите. Речиси 3 децении, судбината на 3.890 Азербејџанци, кои исчезнаа како резултат на агресијата од Ерменија, е непозната“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.
„Повикуваме на меѓународен притисок врз Ерменија за да ги исполни обврските според меѓународното право. Не заборавајте ги исчезнатите Азербејџанци“, додаде тој.
Меѓународниот ден на жртвите на присилните исчезнувања се одбележува на глобално ниво на 30 август за да се подигне свеста за тоа дека присилното исчезнување е кривично дело и не треба да се користи како алатка за справување со ситуации на конфликт.
Односите меѓу поранешните советски републики се напнати од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан.
Тие повторно беа вклучени во 44-дневен конфликт во есента 2020 година, што заврши по прекинот на огнот со посредство на Русија. Азербејџан за време на војната ослободи неколку градови и околу 300 населби и села.
Во јануари 2021 година, лидерите на трите земји се согласија да развијат економски врски и инфраструктура во корист на целиот регион.