Mahmut Geldi
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
КУВАЈТ (АА) - Едно лице е повредено во хеликоптерската несреќа што се случи во североисточниот дел на Бангладеш, во која учествуваше хеликоптерот што го превезуваше началникот на кувајскиот Генералштаб, Мухамед ал-Хадир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на армијата на Кувајт се наведува дека хеликоптерот поради густата магла за време на слетувањето во областа Силит удрил во дрвја. Беше истакнато дека едно лице кое се наоѓало во хеликоптерот е повредено и дека здравствената состојба на Ал Хадир била добра.
По несреќата, Ал Хадир зборувал со својот заменик и кажал дека сите се во добра состојба.
Мухамед ал-Хадир престојува во официјална посета на Бангладеш.