Şerife Çetin
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
БРИСЕЛ (АА) - Едно лице активираше бомба на фудбалски терен во местото Вервје, сместено во близина на белгискиот град Лиеж, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на Општина Вервје, Хасан Ајдин, одржа прес-конференција на која соопшти дека не е познат идентитетот на лицето што ја активирало бомбата, но постои сомневање дека станува збор за поранешен војник кој живеел во соседството.
Тој информираше дека во подрачјето испратиле полициски екипи кои спровеле акција за да направат увид во околината дали има и други експлозивни средства.
Заменик-претседателот Ајдин изјави дека на настанот не гледаат како на терористички чин, туку сметаат дека тој претставува индивидуален обид за самоубиство. Според него, во спротивно лицето би избрало пофреквентна локација.
Освен лицето што го активирало експлозивот, во настанот нема други загинати или повредени. Испразнети се улиците во подрачјето и преземени се интензивни безбедносни мерки.