Yusuf Hatip
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
БРИСЕЛ (АА) - Белгија ќе користи беспилотни летала за да ја спречи нерегуларната миграција во крајбрежните градови на западот од земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на белгиската национална телевизија „RTBF“, полициските станици во градовите Њупорт и Де Пане, кои имаат крајбрежен појас во должина од 12 километри, за 80.000 евра купиле 3 беспилотни летала.
Официјалните лица изјавија дека беспилотните летала ќе се користат за следење на нерегуларните мигранти од западниот дел на земјата и за борба против трговијата со луѓе.
Во информацијата, исто така, се истакнува дека од безбедносни причини беспилотните летала ќе летаат на 90 метри над земјата.