Şenhan Bolelli
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
МАДРИД (АА) - Во Шпанија, 700 возови не сообраќаат низ целата земја поради штрајкот започнат по повикот на Генералната конфедерација на трудот (CGT), каде што припаѓаат и работниците во железницата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералната конфедерација на трудот, критикувајќи ја државната железничка компанија РЕНФЕ за недостаток на персонал, ниски стапки на бонуси и странски услуги, започна штрајк низ целата земја.
Вработените во Конфедерацијата ги напуштија работните места во два временски интервала од 12:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 24:00 часот по локално време. Поради штрајкот, откажани се сообраќањата на вкупно 700 возови, меѓу кои се наоѓаат патнички, брзи и товарни возови.
- Генералната конфедерација на трудот (CGT) ќе штрајкува на 14 и 30 август и на 1 септември -
Штрајкот на работниците во железницата се совпадна со летните одмори и ги остави граѓаните во тешка ситуација, особено во големите градови Мадрид и Барселона.
Од РЕНФЕ, кои гарантираат минимална услуга за патниците, најавија дека нема да се наплатуваат дополнителни трошоци за промена и за поврат на билетите.
Генералната конфедерација на трудот (CGT) не успеа да постигне договор со шпанското Министерство за транспорт и јавни работи, па затоа одлучи да штрајкува на 14 и 30 август и на 1 септември.
Друг синдикат, Работнички комисии (CC.OO.), организираше штрајк на 15 јули од слични причини.