Ali Cura
12 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
МИНСК
Гласноговорничката на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемаданова, соопшти дека во третиот ден од демонстрациите се приведени повеќе од илјада лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрациите се организирани по соопштението дека на изборите победи претседателот Александр Лукашенко.
Чемаданова рече дека демонстрациите синоќа, покрај во Минск, одржани се во 25 населени подрачја.
Таа истакна дека демонстрантите им се спротивставиле на припадниците на безбедносните сили и дека се обидувале да го запрат јавниот градски превоз.
Потврди дека повеќе од илјада лица се приведени поради присуство на недозволените демонстрации.
Чемаданова рече дека на синоќешните демонстрации се повредени 14 припадници на безбедносните сиили и 51 демонстрант.
Претходно, соопштено е дека на претседателските избори победи моменталниот претседател Лукашенко, кој доби 80,23 отсто од гласовите, а дека Светлана Тикановскаја доби 9,9 отсто од гласовите.