Ekip
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
БЕРЛИН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј се состана со германската канцеларка Ангела Меркел за да одржат разговори, со цел спасување на Договорот за напуштање на ЕУ од Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меркел ја угости Меј денес во својот кабинет во Берлин. Главниот германски град е втора станица на турнејата на британската премиерка по европските престолнини, чија цел е да обезбеди веродостојност на Договорот за тоа да помогне да помине во британскиот Парламент.
Меркел и Меј не дадоа изјави пред состанокот, а по него, исто така, не е планирано обраќање на јавноста. Меј, која денес ја започна европската турнеја во Хаг, би требало доцна попладне да биде во Брисел.
Меј, гласањето за Договорот за Брегзит во британскиот Парламент, кое требаше да се одржи во понеделникот, го откажа во последен момент, признавајќи дека се соочила со речиси извесен пораз.
Германските официјални претставници, како и нивните европски колеги, нагласуваат дека нема да има нови преговори за тешко постигнатиот Договор.