Ekipa
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Припадниците на специјалната полициска единица во Германија извршија рација во неколку куќи во Берлин, во потрага по златник од 100 килограми, украден од градскиот музеј, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата утринава изврши претрес во населбата Нојкелн, но не соопшти дали е пронајден златникот ниту дали некој е уапсен.
Златникот „Голем јаворов лист“, како што е официјалното име, има вредност од неколку милиони евра, а бил украден во март оваа година од берлинскиот музеј „Боде“.
Кражбата се случила во раните утрински часови, кога најмалку две лица влегле во музејот преку прозорец, користејќи скала.
Златникот е искован на 3 мај 2003 година, во Кралската канадска ковачница, а во нумизматичката збирка на Музејот „Боде“ се наоѓа од декември 2010 година.
Поради дијаметарот од 53 и дебелина од три сантиметри, златникот од висококвалитетно злато е вклучен во Гинисовата книга на рекордите.