Ekip
16 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот магнат Бернар Арно, претседател и извршен директор на групацијата „Louis Vuitton Moet Hennessy“ (LVMH), во чија сопственост се над 60 луксузни марки, вети 200 милиони евра за обнова на катедралата „Нотр Дам“, која вчера изгоре во пожар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претходно францускиот милијардер Франсоа-Арни Пино најави дека за обнова на симболот на Париз ќе издвои 100 милиони евра.
Во соопштението на „Louis Vuitton Moet Hennessy“, објавено денеска, се наведува дека групацијата и семејството Арно ќе донираат средства на Фондот за обнова на катедралата. Групацијата, катедралата „Нотр Дам“ ја нарече „симбол на Франција, нејзино наследство и нејзино единство“.
Донацијата на семејството Пино од 100 милиони евра доби големо внимание во француските медиуми.