Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политика

Косово: Германската влада донираше опрема за експертиза на звук вредна 45.000 евра

Министерот за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени, нагласи дека косовската Агенција за форензика постојано се развива и ги унапредува своите услуги и ѝ се заблагодари на Владата на Германија, која ја овозможи оваа донација
Zülfiya Yakup
09 Март 2016•Ажурирано: 10 Март 2016
Косово: Германската влада донираше опрема за експертиза на звук вредна 45.000 евра
Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Во косовската Агенција за форензика денес се одржа церемонија на примопредавање на опрема наменета за Дивизијата (Лабораторијата) за аудио истраги, која е донација од Владата на Германија со цел да помогне во истрагата на кривичните дела, вредна 45.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени, нагласи дека косовската Агенција за форензика постојано се развива и ги унапредува своите услуги.

„Ова денес претставува уште еден акт за понатамошно усовршување на косовската Агенција за форензика во извршувањето на задачите и обврските од нејзината област на делување”, рече Хисени.

Министерот истакна дека следењето на последните трендови и модернизацијата на научните методи во истрагата на злосторствата во Косово не би било можно без поддршката на европските земји и САД. Тој притоа посебно се заблагодари на Владата на Германија, која со донацијата вредна 45.000 евра го овозможи снабдувањето на косовската Агенција за форензика со опрема за експертиза на звук.

Директорот на Одделот за јавна безбедност во ОБСЕ, Ејк Роге, рече дека начинот на истрага на злосторствата во светот и во Косово многу е изменет од пред 15 години бидејќи денес и терористичките дела се многу понапреднати.

„Криминалитетот многу напредна, имаме организиран криминал кој е исклучително модернизиран и во сите случаеви организираниот криминал користи технолошка опрема, сајбер безбедност, сајбер криминал и информациски технологии. Дури и едноставниот криминал денес е поинаков од порано”, рече тој.

Додаде дека освен криминалците, денес и адвокатите се понапредни и бараат точни докази до кои е тешко да се дојде токму поради модернизираниот начин на вршење криминал.

Извршниот директор на косовската Агенција за форензика, Блерим Олури, се заблагодари за донацијата и нагласи дека научните докази играат важна улога, не само во расветлувањето на кривичните дела и идентификацијата на извршителите, туку и во кривичните и цивилни процеси. Олури потсети дека на барање на правосудните органи, косовоската Агенција за форензика минатата година објавила над 5.000 експертизи со над 30.000 материјални докази со високо ниво на меѓународни стандарди.

related_topics:
Косовоекспертиза на звукдонацијаВлада на Германија
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Србија го усогласи функционирањето на границите со Хрватска и Словенија

Србија го усогласи функционирањето на границите со Хрватска и Словенија

Следно

Пратениците на „Самоопределување” повторно фрлија солзавец во Собранието

Пратениците на „Самоопределување” повторно фрлија солзавец во Собранието

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово: Повторно солзавец во собраниската сала

Косово: Повторно солзавец во собраниската сала

Јорданскиот крал Абдула во Приштина: Соочени сме со војна против човечноста, Даеш убива и муслимани

Јорданскиот крал Абдула во Приштина: Соочени сме со војна против човечноста, Даеш убива и муслимани

Косово ги заоштри мерките на безбедност: Граѓаните повикани да избегнуваат прометни места

Косово ги заоштри мерките на безбедност: Граѓаните повикани да избегнуваат прометни места

Косово и Турција потпишаа договор за реадмисија

Косово и Турција потпишаа договор за реадмисија

УЕФА ја одложи одлуката за прием на Косово?

УЕФА ја одложи одлуката за прием на Косово?

Европската комисија: Не се укинати визите за Косово, преостанаа уште 8 критериуми

Европската комисија: Не се укинати визите за Косово, преостанаа уште 8 критериуми

Чолаку: Косово ги исполни сите критериуми за визна либерализација

Чолаку: Косово ги исполни сите критериуми за визна либерализација

Косово: Во пукотница со огнено оружје загина девет годишно момче

Косово: Во пукотница со огнено оружје загина девет годишно момче

Главните настани и случувања кои ја одбележаа 2015 година во Македонија, Албанија и Косово

Главните настани и случувања кои ја одбележаа 2015 година во Македонија, Албанија и Косово

Претседателот на РП на Србија јавно се извини за воените злосторства во Косово

Претседателот на РП на Србија јавно се извини за воените злосторства во Косово