Nezir Aliyev
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
БИШКЕК (АА) - Бројот на загинати во авионската несреќа што се случи во Бишкек, Киргистан, се зголеми на 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека починал Сагинбек Рахман (29), кој по несреќата беше сместен на Одделението за интензивна нега.
Во соопштението се истакнува дека 16 лица се наоѓаат на лечење во болниците во Бишкек.
Авион на АЦТ Ерлајнс на 16 јануари падна во населено подрачје во близина на Меѓународниот аеродром Манас. Во несреќата загинаа и четворица членови на екипажот.
Црните кутии на авионот се испратени во Москва на анализа, а симнувањето на податоци од нив започна во петокот.