Ahmed Asmar
15 Мај 2024•Ажурирај: 16 Мај 2024
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелската офанзива во Појасот Газа се искачи на 35.233, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Најмалку 79.141 лице е повредено во израелските напади, се додава од Министерството.
„Израелските сили во пет масакри врз семејства во последните 24 часа убија 60 луѓе, а 80 се повредени“, нагласи Министерството.
Оттаму се додава и дека голем број тела сè уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив.
Израел спроведува немилосрдна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври, во кој се загинати околу 1.200 луѓе.
Во над седум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени и наметната е целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, истакнаа Обединетите нации.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да преземат мерки за да гарантираат дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.