Servet Günerigök
07 Јуни 2023•Ажурирај: 08 Јуни 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, се состана со саудискиот престолонаследник и премиер Мухамед бин Селман во Џеда, соопшти Стејт департментот, пренесува Анадолу.
„Двајцата ја потврдија нивната заедничка посветеност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на Блискиот Исток и пошироко, вклучително и преку сеопфатен политички договор за постигнување мир, просперитет и безбедност во Јемен“, соопшти портпаролот Метју Милер.
„Секретарот исто така нагласи дека нашите билатерални односи се зајакнати со напредокот во однос на човековите права.“
Двајцата разговараа и за продлабочување на економската соработка, особено во областа на чистата енергија и технологијата.
Блинкен, исто така, му се заблагодари на престолонаследникот за поддршката на Саудиска Арабија во евакуацијата на американските граѓани од Судан и за тековното партнерство на Кралството во дипломатските преговори за запирање на судирите таму.
Блинкен денес треба да присуствува на министерскиот состанок со земјите од Советот за соработка на Персискиот Залив (GCC) за да разговараат за растечката соработка со партнерите од Советот за промовирање на безбедноста, стабилноста, деескалацијата, регионалната интеграција и економските можности низ Блискиот Исток“.
Блинкен и саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан, ќе бидат кодомаќини на уште еден министерски состанок во четврток во саудискиот главен град, Ријад, за меѓународната коалиција за пораз на терористичката организација ДЕАШ.