Sayed Khodaiberdi Sadat
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
КАБУЛ
Тројца цивили го загубија животот во бомбашки напад во провинцијата Хелманд во јужен Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на полицијата на Хелманд објавија дека бомба поставена покрај патот во регионот Булан во покраината била активирана додека возилото со цивили минувало низ регионот.
Официјални претставници на полицијата во Хелманд објавија дека бомбата била поставена покрај патот во регионот Булан и дека експлодирала во моментот кога возилото со цивили минувало оттаму.
Во соопштението се наведува дека во експлозијата животот го загубиле тројца цивили, а шестмина се повредени.
Меѓу загинатите и повредените има и деца.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Никој не презема одговорност за нападите врз цивилите низ целата земја во последните 3 месеци.
- Насилството продолжува во земјата
Додека мировниот процес во Авганистан станува сè понеизвесен, продолжуваат интензивните судири меѓу безбедносните сили и талибанците.
Во нападите што започнаа во последната недела од јуни, талибанците ги зазедоа речиси сите области на границата со Узбекистан и Таџикистан.
Талибанците, кои од два правци го опколија Граничниот премин „Хајратан“, најважниот трговски пат кон Узбекистан, ги интензивираа нападите кон провинцијата Газни на југозапад.
Талибанците продолжуваат да напредуваат во Авганистан, а на 8 јули го освоија Граничниот премин „Исламска тврдина“ на границата со Иран.
Талибанците, интензивирајќи ги нападите, го зголемија притисокот врз провинциите Бадакшан, Тахар, Газни, Херат и Бадгис.
Според авганистанското Министерство за внатрешни работи, 14 области се заземени од талибанците во последните 3 недели, а ниту една област не е трајно целосно ставена под контрола на организацијата. Од друга страна, талибанците тврдат дека оваа бројка надминува 170.
Според информациите што новинарот на АА ги доби од локалните власти, во Авганистан, кој брои 407 области, талибанците под своја контрола држат повеќе од 150 области, вклучувајќи ги и нивните центри. Талибанците од своја страна тврдат дека бројот на обласните центри под нивна контрола надминува 240.
Талибанците, кои започнаа напад за заземање на центарот на провинцијата Бадгис, за прв пат по подолго време ги насочија нападите кон провинцискиот центар.
Милитантите за кратко во 2015 година ја презедоа контролата над центарот на провинцијата Кундуз на северот од земјата.