Ömer Faruk Yıldız
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Осум лица загинаа откако се сруши хотелска зграда во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во кинеските локални медиуми, се срушил хотел во градот Суџоу, во провинцијата Ѓангсу.
Во соопштението што го објави кинеското Министерство за итни состојби се наведува дека на местото на несреќата се испратени спасувачки екипи и дека досега од под урнатините се извлечени безживотните тела на 8 лица.
Од Министерството информираат дека екипите успеала да спасат 14 лица од под урнатините на хотелот, додавајќи дека 9 лица се водат како исчезнати.
Хотелот со 54 соби бил пуштен во употреба во 2018 година.