Arif Yusuf,Meryem Kasım
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Во ирачкиот главен град Багдад, извршен е бомбашки напад на еден пазар, во кој животот го загубија 2 лица, а 11-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот поручник Зухејр ел-Џубури даде изјава за дописникот на АА, во која вели дека во западниот дел на Багдад, во населбата Ебу Гурејб, во близина на пазар бил извршен бомбашки напад. Тој додаде дека од експлозијата загинале двајца цивили, а 11-мина се ранети.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за извршениот напад.
Од јуни 2014 година, по земањето на некои делови од територијата на Ирак под контрола на терористичката организација ДАЕШ, Багдад стана место на чести насилни настани и бомбашки напади. Иранските власти соопштија дека нападите ги извршува ДАЕШ и групите приврзани кон оваа терористичка организација.