Ayşe Doğru
25 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку пет лица се убиени во самоубиствен бомбашки напад што се случи во главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Фердус Фарамарз, соопшти дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе пред минибусот кој превезувал службеници на авганистанското Министерство за рударство.
Тој изјави дека се работело за силна експлозија во која животот го загубиле најмалку пет, а ранети се десет лица.
Од Министерството за внатрешни работи на Авганистан потврдија дека сите настрадани лица биле службеници на Министерството за рударство.
Во Кабул утринава одекна уште една силна експлозија, но досега нема информации за тој случај.