Muhammed Ali Toruntay
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Четворица терористи се неутрализирани при воздушните операции на Турските вооружени сили (ТСК) во регионите Зап и Метина во северен Ирак, координирани со операцијата „Канџа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер се истакнува дека се реализирани воздушни операции во регионите Зап и Метина во северен Ирак, во координација со операцијата „Канџа“.
Во рамките на операциите, уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, користени како упоришта, засолништа и магацини за оружје, а неутрализирани се уште четворица терористи.