Burak Dağ
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ЛЕФКОСА
Претседателот на Турска Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар и министерот за надворешна политика на ЕУ, Џозеп Борел, разговараа телефонски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од претседателството на ТРСК, Борел го повикал Татар да му честита за неговата изборна победа.
За време на телефонскиот разговор, Татар изјави дека кипарските Турци го поттикнале да постигне консензус со кипарските Грци врз основа на суверена еднаквост и две држави, вклучително и соработка меѓу страните.
Тој посочи на неправдата на изолацијата и ограничувањата наметнати врз луѓето на ТРСК, додавајќи дека Европската унија не го сторила своето.
Нагласувајќи дека очекуваат ЕУ да ги исполни своите ветувања за укинување на изолацијата во рамките на одлуката донесена во 2004 година, Татар рече дека со задоволство ќе се сретне со Борел во блиска иднина за да ги објасни своите ставови подетално.
Татар, кој беше избран за петти претседател на ТРСК со 51,69 отсто од гласовите во вториот круг од изборите одржан на 18 октомври, ја презеде функцијата на 23 октомври.