Ali H. M. Abo Rezeg
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Премиерот на Бахреин Калифа бин Салман Ал Калифа почина утрово во 85. година од животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бахреинскиот кралски суд соопшти дека принцот и премиер на Бахреин Ал Калифа почина во текот на лекувањето во болницата Мајо во Соединетите Американски Држави (САД).
Во соопштението се наведува дека премиерот Ал Калифа ќе биде погребан во Бахреин и тоа исклучиво со присуство на членовите на семејството.
Бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Калифа прогласи едномесечна национална жалост во оваа заливска земја, а јавните институции од утре нема да работат три дена.