Yakoota Al Ahmad,Zeynep Tüfekçi Gülay
05 Декември 2023•Ажурирај: 06 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Военото крило на групата Хамас, Бригадите Изедин ал Касам, соопшти дека погодило 16 воени возила на Израел во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„Со 105 ракети од типот Јасин се погодени 16 воени возила на Израел во источниот дел на градот Кан Јунис, кој се наоѓа во јужниот дел на Газа“, се вели во писменото соопштение на Бригадите Ал Касам.
Во ова соопштение се вели дека меѓу погодените воени возила има и тенкови и булдожери.
Според соопштението, Бригадите ал Касам директно пукале и раниле двајца израелски војници во источниот дел на Кан Јунис.
Во соопштението се истакнува дека како одговор на израелските масакри врз цивилите во Газа е извршен ракетен напад врз градот Бершева.
Претходно беше соопштено дека најмалку 40 Палестинци загинаа во нападот на израелските воени авиони врз Кан Јунис.