Aysu Biçer
13 Септември 2024•Ажурирај: 16 Септември 2024
ЛОНДОН (АА) - Аеродромот „Шарлроа“ во Брисел денес ќе биде затворен бидејќи штрајкот на вработените на аеродромот ги стопираше сите летови, пренесува Анадолу.
Според извештаите на локалните медиуми, неочекуваниот штрајк започна вчераутро, кога речиси 200 летови беа откажани, а илјадници патници заглавени.
Штрајкот ги наруши клучното оперативно функционирање на аеродромот, вклучително и менаџирањето со багажот, услугите за чекирање и полнење гориво на авионите.
Како резултат на тоа, операторот на аеродромот објави дека денес, петок, 13 септември, нема да бидат реалзирани летови од аеродромот, ниту полетувања, ниту слетувања.
На патниците кои требаше да летаат во текот на вчерашниот ден им беше препорачано да не доаѓаат на аеродромот и да контактираат нивните авиокомпании за дополнителна помош.
Аеродромот првично имаше за цел да одржи намален оперативен капацитет и им порача на патниците да патуваат само со рачен багаж. Но, обемот на патници го принуди на целосно затворање.