Özüm Yalkın
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) – Британија, која пред три месеци со референдум донесе одлука за одвојување од Европската Унија (ЕУ), има за цел во најкус можен рок да потпише билатерален договор за слободна трговска размена со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
До референдумот за излез на Британија од ЕУ на 23 јуни, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, водеше кампања во која остро го критукуваше процесот на пристапување на Турција во ЕУ. По референдумот, како министер за надворешни работи изјави дека на Турција ѝ даваат поддршка во процесот за пристапување во ЕУ и рече дека сакаат да потпишат билатерален договор за слободна трговска размена со Турција.
Министерот за надворешни работи на Британија, Борис Џонсон, претходно имаше соопштено дека е внук на Али Кемал, некогашен министер за внатрешни работи во Осмалиското Царство.
Во рамките на својата официјална посета на Анкара, Џонсон рече дека Британија се надева оти со Турција ќе постигне „џамбо“ (џиновски) договор за слободна трговија. Џонсон даде пример дека во својот дом во Лондон има машина за алишта од турско производство и го истакна своето задоволство од извозните производи на Турција.
Раководството на Британија и пред референдумот за излез од ЕУ истакнуваше дека сака да потпише договори за слободна трговија со земјите кои имаат развиена економија, но дека тоа не биле во можност да го направат бидејќи законите на ЕУ тоа го оневозможувале. Со одвојувањето од ЕУ, повеќе нема ниту теоретски пречки за постигнување на вакви договори.
- Извозот на Турција во последните 10 години се зголеми 55 пати -
Според официјалните податоци, Британија продолжува со својата слободна трговија со Турција. Според податоците на Институтот за статистика на Турција (ТУИК), Турција и Британија минатата година оствариле надворешна трговија којашто надминува 16 милијарди долари.
Извозот на Турција во Британија минатата година изнесувал 10 милијарди и 556 милиони долари, додека Британија во Турција остварила увоз од 5 милијарди 541 милион долари.
Со 10,6 милијарди долари, Британија, по Германија, е вториот најважен трговски партнер на Турција. Меѓу производите што најмногу се извезуваат во оваа земја се облеката и текстилот, возила и резервни делови, електрични и електронски материјали, овошје и зеленчук.