Ahmet Dursun
04 Јули 2019•Ажурирај: 05 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Британската пејачка Џос Стоун соопшти дека не ѝ било дозволено да влезе во Иран каде што дошла за посета, и дека била приведена и депортирана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Пристигнавме во Иран, нѐ приведоа и потоа нѐ депортираа“, истакна Стоун во видео кое го сподели на социјалните мрежи.
Стоун нагласи дека имала намера да го посети иранскиот остров Киш кој се наоѓа во Персискиот Залив.
Таа рече дека иако надлежните на аеродромот ги информирала дека во земјата не дошла за концерт туку за посета, не ѝ било дозволено да влезе во земјата.
„Бевме свесни дека не можеме да одржиме концерт бидејќи е забрането. Но очигледно, надлежните не ни поверуваа дека нема да одржиме концерт. Нѐ ставиле на листа која ја нарекуваат црна листа, а тоа го дознавме во мигрантскиот центар во кој нѐ однесоа“, рече Стоун.
Таа информираше дека била приведена ноќта, а депортирана во утринските часови.