Şenhan Bolelli
04 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
МАДРИД (АА) – Уапсени се 34 лица на аеродромот „Милано-Малпенса“, осомничени за поврзаност со мафијата при управување со паркинг и трговски простори, пренесува Anadolu Agency (AA).
По наредба на Обвинителството за борба против мафијата во Милано е спроведена операција во осум града со учество на 400 припадници на жандармеријата.
Според ова, 34 лица се осомничени за членување во мафијашката група Ндрангета во регионот на Калабрија, Италија. Од членовите, 32 се Италијанци, еден е Мароканец и еден е по потекло од Романија.
- Меѓу приведените има и еден политичар
Италијанската официјална новинска агенција АНСА (ANSA) напиша дека со операцијата е извршен значителен удар на најголемата мафијашка група Ндрангета во земјата.
Во рамките на операцијата, исто така се конфискувани и двe приватни паркиралишта во околината на аеродромот „Милано-Малпенса“.
Истрагата започна во 2017 година, а меѓу приведените има и еден политичар, член на Општинскиот совет.
Од друга страна, во вчерашната операција на италијанската жандармерија во главниот град Рим конфискувани се околу 170 недвижности со вкупна вредност од 120 милиони евра кои припаѓаат на мафијата Ндрангета.