Ahmet Gürhan Kartal
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
ЛОНДОН
Мала е веројатноста дека САД ќе го продолжат рокот за повлекувањето на трупите од Авганистан по 31 август, изјави денес британскиот министер за одбрана, Бен Валас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како што се приближуваме до рокот, правилно е да се каже дека безбедносниот ризик расте, станува сè поопасен. И другите терористички организации би сакале да ги гледаат како да се заслужни, тие би сакале да ги видат како го бркаат Западот од Авганистан“, рече Валас како гостин на телевизијата „Скај“.
Портпаролот на талибанците вчера предупреди на „последици“ доколку странските сили останат во Авганистан по 31 август, нарекувајќи го датумот „црвена линија“.
Американскиот претседател Џо Бајден во неделата рече дека САД размислуваат за продолжување на рокот, ветувајќи дека секој Американец што сака да го напушти Авганистан ќе биде евакуиран.
Лидерите на напредните економии во светот, Групата седум (Г7), денеска ќе одржат итен состанок, фокусиран на напорите за евакуација и координација на политиката кон Авганистан.