Rabia İclal Turan
06 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Судот во Лондон го одби барањето на адвокатите на ко-основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за негово условно ослободување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката уследи откако Централниот кривичен суд (Олд Бејли) во понеделникот го одби барањето на САД за екстрадиција на Асанж поради загриженост за неговото ментално здравје.
САД го товарат Асанж за шпионажа откако Викиликс објави стотици илјади страници владини документи, електронска пошта и други комуникации, меѓу кои и воените злосторства на американските трупи во Авганистан и Ирак во 2010 и 2011 година.
Обвинителите тврдеа дека Асанж му помагал на аналитичарот Челзи Менинг, но 49-годишниот ко-основач на Викиликс ги негираше обвинувањата.
Тој беше изнесен од зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон во 2019 година, каде што се засолнуваше повеќе од седум години.
Британската полиција соопшти дека е уапсен за прескокнување на плаќањето на кауцијата во 2012 година и поради налогот на САД за екстрадиција.
Подоцна, тој беше прогласен за виновен од Судот за прекршоци во Вестминстер за кршење на условите за кауција во 2012 година, откако не им се предаде на безбедносните служби и му беше одредена затворска казна од 50 недели.