Tevfik Durul
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од седум степени според Рихтер, кој во вторникот го погоди југозападниот дел на Кина, се искачи на 20, а повредени на 431 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција „Xinhua“ (Синхуа) јавува дека земјотресот кој настана во вторникот во областа Цјучајгу, почувствуван е во 21.19 часот по локално време, со хипоцентар на 20 километри длабочина. Притоа загинаа 20 лица, а повредени се 431.
Локалните власти соопштија дека 18 лица меѓу ранетите се во тешка состојба.
Надлежните истакнаа дека над 50.000 лица, од кои 128 странски туристи се евакуирани од местото на катастрофата, а спасувачките операции продолжуваат.
Вчера беше соопштено дека во земјотресот животот го загубиле 19 лица, додека 247 биле повредени.
Во земјотресот со јачина од седум степени според Рихтер, кој во 2013 година ја погоди областа Сичуан, смртно настрадаа речиси 200, а повеќе од 11.000 лица беа повредени. Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер, кој во 2008 година ја погоди областа Винчуан, смртно настрадаа над 80.000 лица, а 5 милиони останаа без покрив над глава.