Bahtiyar Abdülkerimov
09 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
КИЕВ (АА) - Бројот на загинати во руските воздушни напади врз североисточниот украински град Суми се искачи на 22, изјави денеска официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дмитро Живицки, шеф на Регионалната воена управа на Украина во Суми, рече дека регионот Суми бил трипати бомбардиран во вторникот и дека 22 лица ги загубиле животите, меѓу кои и 3 деца.
Истакнувајќи дека во нападите се ранети 8 лица, Живицки рече дека се уништени и повеќе од 20 еднокатни куќи.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна повлекување на светски фирми од Русија.
Најмалку 474 цивили се убиени, а 861 е повреден во Украина од почетокот на војната, според ОН, кои истакнаа дека условите на теренот ја отежнуваат проверката на вистинската бројка.
„Околу 2 милиони луѓе побегнаа и во соседните земји“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.