Bahtiyar Abdülkerimov
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека војната треба да заврши и треба да се седне на преговарачката маса, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Војната треба да заврши. Треба да седнеме на преговарачка маса. Но не поради старите смртоносни амбиции, туку искрени, конкретни преговори заради интересите на народот“, рече Зеленски во објавената видеопорака.
Зеленски, заблагодарувајќи се на американскиот претседател Џо Бајден за неговата одлука да го забрани увозот на нафта од Русија, рече дека тоа е силен сигнал до целиот свет.
„Јас лично сум благодарен на претседателот на Соединетите Американски Држави, Бајден, за оваа одлука. Ова е најсилниот сигнал до целиот свет. Многу е едноставно: Секоја пара исплатена на Русија се претвора во топови и гранати кои летаат кон други суверени држави“, рече Зеленски.
Истакнувајќи дека Русија отворила оган и ги блокирала хуманитарните коридори, Зеленски додаде дека отворањето на првиот хуманитарен коридор е само еден процент од она што треба да се направи.
Владимир Зеленски, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Русија кои го поддржаа и излегоа на улица, рече дека тие се борат за мир.