Ruslan Rehimov
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
КИЕВ (АА) – Бројот на загинати цивили се зголеми на 47 во воздушниот напад што Руската армија го изврши вчера врз градот Чернихив, кој се наоѓа на североистокот од украинската престолнина Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на гувернерот на Чернихив се наведува дека 47 лица, од кои 8 жени, ги загубиле животите во воздушниот напад што Руската армија го изврши вчера врз цивилни структури во градот.
Исто така, се нагласува дека од урнатините на зградите се спасени 18 лица.
Во вчерашното соопштение на Државната служба за итни случаи на Украина беше објавено дека од урнатините во Чернихив се извадени мртвите тела на 33 лица.