Mohammad Sıo
16 Јануари 2024•Ажурирај: 17 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 24.285 Палестинци се загинати, а 61.154 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа што траат од 7 октомври, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.
„Израелската окупација (израелските сили) изврши 15 масакри врз семејства во Појасот Газа, со 158 жртви и 320 повредени во изминатите 24 часа“, истакна Министерството.
Според Обединетите нации (ОН), 85 отсто од населението на Газа е веќе интерно раселено поради акутниот недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.
Во неделата генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјави во дека „жителите на Газа живеат во пекол“ и дека „никаде не е безбедно“.