Esat Fırat
31 Декември 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2021
Заводот за статиситка на Палестина соопшти дека до 2020 година бројот на Палестинците во светот достигна 13, 7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на жителите во Појасот Газа кој е под опсада зголемен е на 2,1 милиони, а на окупираниот Западен брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс) на 3,1 милион.
Вкупната популација на палестинската држава, вклучувајќи ги Палестинците кои живеат во Источен Ерусалим (Источен Кудс), изнесува 5,2 милиони.
Исто така, 42 отсто од вкупната популација на Западниот брег и во Појасот Газа го сочинуваат мигранти кои мораа да ја напуштат палестинската територија по воспоставување на државата Израел во 1948 година.
Според податоците на Заводот за статистика, бројот на Палестинците кои се израелските државјани е поголем од 1,6 милиони, а се работи за деца и внуци на 154.000 Палестинци кои ја напуштија својата земја во 1948 година.
Исто така, околу 6,2 милиони Палестинци живеат во разми арапски земји, посебно во Сирија, Либан и Јордан, а околу 738.000 живеат во различни земји од светот.